Македонија ќе игра во групата Б на Европското ракометно првенство со репрезентациите на Чешка, домаќинот Австрија и Украина. Голманот на нашата селекција Никола Митревски, кој беше одличен на последните два квалификациски натпревари против Турција и Грција, вели дека групата е по мерка, но дека нема да биде воопшто лесно, бидејќи сите три репрезентации иако не се од ракометниот крем, знаат да бидат многу незгодни.
„Група по мерка за нас иако воопшто не е наивна. Имаме познати противници од минатото. Треба да играме против Австрија која е домаќин, но и покрај тоа треба да бидеме среќни бидејќи немаме противник од самиот европски крем. Единствено подобро ќе беше место Украина да ни се паднеше Холандија, но не смееме да се жалиме. На секој натпревар мораме да влеземе максимално сконцентрирани и да одиме на победа“, изјави Митревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА