Шпанците се соочуваат со огромни проблеми во пресрет на СП 2026, Ламин Јамал е во трка со времето за да биде фит за стартот на мундијалот, а вчера повреда заработи и вториот крилен офанзивец на националниот тим, Нико Вилијамс.
Брзоногиот крилен играч се повреди во првото полувреме од мечот меѓу Атлетик Билбао и Валенсија и видно разочаран го напушти теренот. Станува збор за проблем со мускулот, веќе е јасно дека тој нема да може да игра за Атлетик на преостанатите две средби во Ла Лига, но клучното прашање е – дали Вилијамс ќе може да настапи за Шпанија на СП 2026.
Доколку паузата изнесува до еден месец, Де ла Фуенте би ризикувал вклучувајќи го Нико во тимот, но доколку проблемот е посериозен, „црвената фурија“ ќе мора да бара поинаква опција за претстојниот светски шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
