Турбуленциите во Реал Мадрид продолжуваат и по синоќешниот пораз од Барселона, со кој каталонскиот гигант и математички ја осигура титулата, и тоа во директна пресметка со „кралскиот клуб“.
Во главна улога повторно е Килијан Мбапе, кој воопшто не отпатува со тимт за Барселона, првите информации говореа дека станува збор за повреда, но денешната верзија на настаните е значително поразлична.
Имено, Арбелоа и неговите помошници не биле импресионирани од тренинзите на Французинот по неговото враќање и приклучување на екипата. Мбапе верувал дека е стопроцентно подготвен и инсистирал да игра на дербито, но ситуацијата се променила вчера наутро, кога Арбелоа го открил стартниот тим, а во него немало место за Килијан.
Тој бил шокиран, не влегол во конфликт со тренерот, но нецели десет минути по објавувањето на составот Мбапе се пожалил на болка во мускулот, по што било решено тој да не патува со екипата.
Во Реал дефинитивно едвај се чека сезоната да заврши, а новиот тренер (најверојатно Жозе Мурињо) ќе има полни раце работа да ги среди односите внатри во екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
