Драган Начевски „главен“ на судиите во ЕХФ до 2021 година

Македонскиот ракометен функционер Драган Начевски останува на чело на судиската комисија во Европската ракометна федерација (ЕХФ). Тој на состанок на Извршниот комитет доби доверба да ја врши функцијата и во наредните две години.

Мандатот на Начевски и неговите соработници истекува оваа година, а потврдено е дека ќе биде „главен“ на судиите и во наредните две години, односно до 2021 година.

Се вчитува...