Кире Лазаров за ЕП 2020: Сами да биравме – повеќе ќе погрешевме

Капитенот Кире Лазаров е задоволен од противниците кои Македонија ќе ги има во првата фаза на Европското првенство 2020 година. Чешка, Австрија и Украина се ривалите за прелиминарниот сегмент во Виена.

„Патот ни е отворен, треба да го изодиме. Имавме добра ждрепка, сами да биравме ќе погрешевме. Иако секој учесник на Европско првенство треба секогаш да се респектира максимално. Ракометот оди напред и сите напредуваат. Во секој случај вибрациите се позитивни ни треба максимална мобилизација“, вели за ЕКИПА, капитенот на ракометната репрезентација, Кире Лазаров.

Се вчитува...