Познатиот кошаркарски стратег Борислав Бора Ѓаковиќ почина на 72-годишна возраст. Ѓаковиќ, кој во моментов ја извршуваше советничката улога во стручниот штаб на македонскиот прволигаш АВ Охрид, почина по кратко боледување во својот Мостар.
Ѓаковиќ во богатата тренерска кариера беше тренер на екс-ју кошаркарските гиганти Партизан, Црвена Звезда, Шибеник, Војводина, Слобода Дита, но и кипарски Енад и Борац од Бања Лука.
Последен тренерски ангажман на Ѓаковиќ беше во Охрид, каде од јануари оваа година беше дел од стручниот штаб на АВ Охрид, значително учествувајќи во развојот на кошаркарската игра во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА