Со оглед на фактот дека реагионалната лига е спонзорирано од руската компанија „Газпром“, челниците на Украинската ракометна федерација и официјално му забранија учество на Мотор во СЕХА. Забраната е поради тоа што не сакаат на својата територија да се рекламира рускиот гигант, бидејќи е спротивно на законите во Украина.
„Украинската федерација не го подржува овој проект. Ние јасно им кажавме на челниците на Мотор. Било какво рекламирање на ‘Газпром’ не смее да има во Украина, бидејќи нашите закони се јасни, а оваа компанија е на црната листа во Украина. Ние како федерација ги почитуваме законите во државата. Затоа не смее да се дозволи реклами на ‘Газпром“ да се појават на наша територија. Мотор не разговараше со федерацијата пред да влезе во овој проект и не доби дозвола од нас“ – се вели во соопштението на федерацијата.
Мотор го потпиша договорот со СЕХА на почетокот од овој месец, но очигледно сосема е јасно дека по оваа одлука на Украинската федерација ќе мора да се повлече.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА