Лионел Меси разочарувачки го заврши настапот на Копа Америка, добивајќи црвен картон што му беше престрого доделен поради вербалниот конфликт со Гари Медел. Поради ова, аргентинскиот ас воопшто не се појави на церемонијата за доделување на медали, а во микс-зоната искажа сериозни обвинувања кон организаторите.
„Со Медел секогаш се игра така, но не беше преголем инцидент, најмногу што заслуживме е жолт картон. Мислам дека црвениот беше порака за мене поради изјавите што ги имав дадено претходно, за судењето и целокупната организација. Не го зедав медалот, тоа е точно, бидејќи не сакав да бидам дел од оваа корупција. Не сакам многу да се зборува за тоа, најважно е што ги надминавме проблемите од стартот на турнирот, игравме одлично и го завршивме ова издание на Копа Америка на позитивен начин“ – истакна Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА