Потсетување: Првиот црвен картон на Меси беше – на дебито за Аргентина (видео)

Црвениот картон што Лионел Меси го доби на синоќешниот дуел со Чиле е само втор во кариерата на аргентинскиот фудбалски генијалец. Интересно, тој и првиот го доби настапувајќи во репрезентативниот дрес, и тоа на дебито за „гаучосите“.

Тоа се случи на 17 август 2005 година, кога селекторот Пекерман го повика младиот ас на Барса во националниот тим за пријателскиот меч со Унгарија.

Тој влезе во игра во второто полувреме на местото на Лисандро Лопез, но остана на теренот само 47 секунди. При првиот допир со топката Меси тргна во продор, беше повлечен за дресот од Вимлош Ванчак. Во обид да се ослободи од противникот тој го закачи Ванчак, што од страна на судијата беше оценето како акт на агресија, па Меси веднаш беше испратен кон соблекувалната од страна на Маркус Мерк.

 

Се вчитува...