Жозе Мурињо е подготвен да му се врати на фудбалот, трпеливо ги разгледува сите понуди на негова адреса, но веќе стави до знаење дека финансискиот аспект нема да биде најзначаен. Токму затоа, португалскиот стратег одбил неверојатна понуда за преселба во далечната Кина, која пристигна од раководството на Гвангжу Евергранде.
„Скај Спортс“ објави дека газдите на кинескиот гигант стапиле во контакт со „специјалниот“ и му испратиле понуда од неверојатни 100 милиони евра за четиригодишна соработка. Во ситуација кога тимот ја загуби шампионската титула, планот бил токму Мурињо да го наследи Фабио Канаваро на клупата, но Кинезите биле експресно одбиени од страна на трофејниот стручњак.
Причината е јасна – Жозе се уште се гледа себе како тренер во врвен европски клуб, па токму затоа не сака да се пресели на Далечниот Исток. Тој неодамна изјави дека е подготвен за камбек, ја посочи Италија како омилена дестинација, па останува да се види кој ќе биде новиот тренерски предизвик за Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА