Хавиер Агире е првата селекторска „жртва“ на Купот на Африкански Нации, откако египетскиот кормилар доби отказ од функцијата неполни 24 часа по шокантната елиминација во осминафиналето од селекцијата на Јужна Африка. „Фараоните“ како домаќини важеа за главни фаворити за трофејот, па јасно е дека поразот во раната фаза од натпреварувањето беше шок за сите.
„Секако дека ја преземам одговорноста. Јас ги бирам фудбалерите и формацијата, така што јас сум највиновен од сите“ – истакна Агуире, кому веднаш му беше јасно што ќе следи.
Денеска Египетската Фудбалска Федерација и официјално ја потврди разделбата од поранешниот селектор на Мексико, кој дојде на чело на репрезентацијата по завршувањето на ланскиот Мундијал во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА