Австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ кариерата ќе ја продолжи во Шангај СИПГ, официјално потврдија од кинескиот клуб. Австриецот потпиша договор до 2022, за сума од 26 милиони евра.
Арнаутовиќ во кинескиот прволигаш годишно ќе заработува по 7 милиони евра. Шангај СИПГ во моментов е трети во Суперлигата со два бода помалку од водечкиот Пекинг Гуана. Покрај Арнаутовиќ во тимот уште се и Бразилците Хулк и Оскар.
DONE DEAL: West Ham have confirmed Marko Arnautovic has joined Shanghai SIPG for a reported fee of £23m. pic.twitter.com/xwZRyYy0rE
— Squawka News (@SquawkaNews) July 8, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА