Лионел Меси веднаш по завршувањето на Копа Америка се врати во родниот град Розарио, а прославениот фудбалер реши во периодот на пеколни горештини да им помогне на сиромашните, нудејќи им бесплатен оброк во неговиот елитен ресторан.
Станува збор за локалнот „VIP Room“, кој важи за еден од најелитните во Розарио, но на иницијатива на Меси секој ден во наредниот период неговите врати ќе бидат отворени за бездомниците и за сиромашни лица, кои ќе можат да уживаат барем на неколку часа во луксузот.
„Нашиот ресторан ќе биде отворен секој ден, од 19 до 21 часот, при што ќе делиме бесплатни оброци и пијалоци за оние кои не можат да си дозволат такво нешто“ – објавија од „VIP Room“ на своите профили на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА