Серена Вилијамс ќе се сретне со Симона Халеп во големото финале на Вимблдон, откако американската ветеранка лесно и убедливо славеше во полуфиналната пресметка со Барбара Стрицова од Чешка со 6-1, 6-2. Со тоа Вилијамс стигна до своето 11. финале на Вимблдон, а в сабота против Халеп ќе се обиде да го крене и осмиот пехар во Лондон, прв по 2016 година.
Чешката тенисерка како да се истроши во полуфиналето против Јохана Конта, па Стрицова денеска немаше одговор за агресивната игра на Серена, која беспрекорно ги пласираше своите удари по теренот. Првиот сет заврши со убедливи 6-1, а потоа Вилијамс во ист стил продолжи и во вториот, добивајќи го со 6-2, штедејќи и дел од силите за големото финале против Халеп.
Серена ќе ја има фаворитската улога и на овој дуел, ако се знае дека во кариерата има претрпено само еден единствен пораз од Халеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА