Српска тенисерка доби заканувачки пораки по победата на турнир во Шведска

Српската тенисерка Александра Круниќ доби заканувачки пораки по победата во четвртфиналето на ВТА турнирот во Баштад, Шведска против. Меѓу останатите пораки по мечот, анонимен профил на Инстаграм на Курниќ и посака да умре, а тенисерката вели дека тоа се нормални пораки со кои се соочуваат сите професионалци во белиот спорт.

„Сите тенисерки добиваат слични пораки. Некогаш знаеме по мечевите да си коментираме меѓу нас која каква закана добила. Не можеме да направиме ништо околу тоа. Забораваме на ситуацијата и одиме понатаму. Не верувам дека можеме нешто да промениме. Некои луѓе имаат озбилни проблеми и им е потребна дијагноза.“, вели Круниќ.

 

 

Се вчитува...