Марјан Србиноски и следната сезона останува тренер на КК Гостивар, откако на взаемно задоволство двете страни одлучија да ја продолжат меѓусебната соработка.
„Србиновски го продолжува договорот како наш шеф на стручниот штаб, со тоа што за следната сезона добива и нова функција како координатор на младинската школа“ – соопштија од раководството на КК Гостивар.
44-годишниот Србиноски претходно во својата тренерска кариера ги водеше и Куманово, Работнички, Кожув и Торус, а пет години беше и член на стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА