Канада без уште една НБА ѕвезда ќе патува на Мундобаскетот

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс Тристан Томпсон нема да игра за репрезентацијата на Канада на Светското првенство во Кина.

Менаџерот на 28-годишниот центар потврди дека тој нема да биде дел од репрезентацијата на Канада на Мундобаскетот, но не ги наведе причините поради одлуката. На СП во Кина нема да настапи ниту кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Ендрју Вигинс.

Канада на шампионатот се наоѓа во групата Х заедно со репрезентациите на Австралија, Литванија и Сенегал.

Се вчитува...