Кошаркарот на Црвена Звезда, Огњен Кузмиќ се чувствува одлично по тешката сообраќајна несреќа во која се здоби со сериозни повреди во судар со автомобил кај Бања Лука.
Беше префрлен во коматозна состојба, за да благодарение на силниот организам успеа да ги издржи сите повреди, подоцна и операции и комплетно да се опорави. Па веќе и се движи во клиниката во Белград.
Кузмиќ веќе објави и фотографија заедно со своето семејство, прва по сообраќајната несреќа, заблагодарувајќи се на поддршката од целата спортска јавност на Балканот.
Prva fotografija #Ognjen-a #Kuzmić-a sa porodicom posle teške saobraćajne nezgode i ozbiljnih povreda. Lično, ovo mi je prilično ohrabrujuće i bolje nego što sam negde očekivao da vidim. Napred Kuz! ✊? pic.twitter.com/wX8LpYhhRC
— Marko Ljubomirović (@LjubomirovicM) July 24, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА