Емил Рајковиќ по извонредната дебитантска сезона на чело на Астана и добиениот нов договор успеа да „повлече“ уште еден македонски тренер во казахстанскиот кошаркарски гигант. Станува збор за Боро Даскаловски, поранешниот тренер на Карпош Соколи, воедно и Професор по кошарка при Факултетот за Физичка Култура во Скопје.
„Пред се сакам да му се заблагодарам на Емил Рајковиќ за укажаната доверба. Ова е шанса што не се испушта, добивам можност да работам во врвен колектив што учествува во ВТБ-лигата. Преговорите траеја кратко, експресно се договоривме, а многу ми значи и што беше обезбедено да продолжам со работа и како професор, на Универзитетот во Астана. Мотивиран сум за овој предизвик и се надевам дека ќе се продолжи со добрите резултати од ланската сезона“ – изјави Даскаловски за ЕКИПА.
Даскаловски потпиша договор како асистент-тренер на една сезона со Астана, со можност за продолжување на соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА