Попович го одржа првиот тренинг – Американците тргнаа во мисијата Кина 2019

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович го одржа првиот тренинг со репрезентативците кои ќе го бранат светското злато освоено пред четири години. Иако, голем број на НБА ѕвезди го откажаа учеството, САД се уште важи за еден од најголемите фаворит.

Легендарниот Попович смета дека настапот за репрезентација е најголемата чест која што може да ја добие еден професионален спортист.

„Настапот за репрезентацијата на САД е многу повеќе од играње за НБА тим. Не можеме да ја поправиме поделеноста во нашата земја, но можеме да бидеме пример како луѓето се собираат ради заедничка цел и ја остваруваат“, вели Попович. 

Репрезентацијата на САД на Мундобаскетот се наоѓа во група со Турција, Чешка и Јапонија, а конечните патници во Кина, Попович ќе ги соопшти на 17. август.

Се вчитува...