„Суперкуп“ во првото коло: Шкендија ја освојува Струмица, Академија Пандев го брани „Младост“

Актуелниот шампион Шкендија имаше очајно лето на европската сцена, а ништо подобро не помина ниту Академија Пандев, иако има малку поголемо „оправдание“ поради дебитантскиот настап на меѓународен план. Се насочуваме на македонската Прва лига и веќе во првото коло дуел кој во недостиг на таков официјален меч може да се нарече и „Суперкуп“. Првакот му гостува на актуелниот освојувач на националниот Куп.

Шкендија во обид да ја освои Струмица, тимот на Ќатип Османи има обврска да докаже дека сепак е најдобиот во прволигашката конкуренција. Замина репрезентативецот Висар Муслиу што секако ќе ја ослаби одбраната, но главните алки секако треба да бидат Агим и Бесарт Ибраими, заедно со летното засилување Фелипе.

„Нашата цел е јасна, ги напаѓаме трофеите на домашна сцена. Да го одбраниме шампионскиот пехар и да се обидеме да стигнеме до двојна круна“, порачуваат од Шкендија.

Академија Пандев повторно мирно и без „расфрлање со зборови“ го стартува шампионатот, иако Југослав Тренчовски ќе има на располагање квалитетен состав, спој на младост и искуство. Првиот дуел со Шкендија ќе покаже колкав е капацитетот на овој тим.

Ренова направи голем број промени во тимот, но влегува со амбиции за излез на европската сцена. Во првото коло на гости им доаѓа Силекс, кој и оваа сезона ќе се бори за „златната средина“. Новите прволигаши имаат тешки искушенија уште на стартот. Борец ќе гостува на Чаир против Шкупи, додека Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува Работнички.

Утре на комплексот на ФФМ ќе се одигра последниот дуел од стартното коло меѓу Вардар и Македонија ЃП.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ПРВО КОЛО (17.30 ч.)

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА

РЕНОВА – СИЛЕКС

ШКУПИ – БОРЕЦ

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ 

УТРЕ (17.30 ч.)

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 

Се вчитува...