МЗТ Скопје ангажираше уште еден домашен кошаркар во својот табор, откако денеска беше официјално потпишан договор со Иван Волкановски (20 год., 209 см.). Поранешниот македонски младински репрезентативец потпиша тригодишен договор со „металците“, со што ќе му се стави на располагање на тренерот Кочов од првиот ден од подготовките, на 15 август.
Волкановски доаѓа од таборот на АВ Охрид каде што ја доигра минатата сезона, а има настапувано и за тимот на Вардар.
Тој е деветтиот кошаркар кој во моментов е под договор со МЗТ Скопје Аеродром, за кој во новата сезона ќе играат уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Ранко Мамузиќ и кенискиот интернационалец Нуни Омот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

