Нандо Де Коло пред СП: Противниците нека се плашат од нас

Нандо Де Коло ја знае стратегијата за успех на француската репрезентација на претстојното Светско кошаркарско првенство во Кина. Во интервју за официјалниот сајт на ФИБА, Де Коло ги објаснува неговите гледишта за националниот тим на Франција.

„Мораме да се форкусираме на нашата игра. Тоа е најважно. Да достигнеме толку високо ниво што противниците ќе се плашат од нас многу повеќе од што ќе се занимаваат со нивната тактика и игра. Секогаш така сум размислувал, мислам дека тоа е најдобриот начин да се стигне до резултат“ – вели Де Коло кој летово по освојувањето на Евролигата со ЦСКА направи трансфер во Фенербахче.

На Шампионатот во Кина, Франција е во конкуренцијата Г заедно со селекциите на Доминиканската Република, Германија и со Јордан. Светското првенство почнува на 31. август, а ќе заврши на 15. септември.

 

 

Се вчитува...