Со македонските кошаркари кои се под договор и со неколку кошаркарки од младинската школа, стручниот штаб на МЗТ Скопје Аеродром предводен од Ѓорѓи Кочов попладнево ја имаше првата прозивка, а потоа и првиот тренинг со што и официјално беше означен стартот на подготовките за новата сезона, објави клубот на официјалниот сајт.
Недостасуваше само кениското засилување, Нуни Омот, чие пристигнување во Скопје се очекува на почетокот од следната недела. На паркетот во салата „Јане Сандански“ се појавија Дамјан Стојановски, Марко Симоновски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Андреј Маслинко, Бојан Крстевски, Иван Волкановски, Ранко Мамузиќ како и Леонид Тодоровски, Бојан Стојановски и Љубиша Димитровски од вториот состав.
Екипата ќе се подготвува во Скопје, каде што се планира одигрување на неколку пријателски средби меѓу кои и тие против романска Крајова, чиј тренер е Александар Тодоров. На почетокот од септември е планиран настап на турнир во Романија против домашната Орадеа и унгарски Шолнок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

