Кошаркарскиот клуб Ангели во соработка со општина Кисела Вода како дел од културно спортското лето од 30 август ќе го организира првиот 3х3 Фиба сателит турнир „Кисела Вода 2019“.
Покрај официјалниот 3х3 турнир на кој што ќе земат учество најдобрите 16 екипи, кои ќе играат по официјални 3х3 правила, ќе биде организиран и „Баскет турнир“ по стари малски правила кој ќе се игра во училиштето Рајко Жинзифов во Драчево.
Организаторот КК Ангели обезбеди награден фонд од преку 100.000 денари. Воедно, обезбедени се и одлични услови како и за екипите така и забава за сите посетители. Натпреварите ќе започнат во 17 часот а финалето е закажано за 1 Септември со почеток во 22 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

