Аргентина е најновата репрезентација што се соочува со сериозен проблем со повреден кошаркар непосредно пред почетокот на СП 2019, откако на вчерашниот пријателски дуел со Русија настрада Факундо Кампацо. Плејмејкерот на Реал Мадрид тргна на влез во противничкиот рекет, а по неспретниот старт на еден руски кошаркар остана да лежи на теренот.
„Првичните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за истегнување на скочниот зглоб. Кампацо реагира позитивно на физиотерапија, сите работиме напорно за да ја забрзаме рехабилитацијата. Оптимисти сме“ – објавија од Аргентинската Кошаркарска Федерација.
Деталните лекарски прегледи ќе треба да дадат првична прогноза колку Кампацо ќе мора да отсуствува. Неговото неиграње на првиот натпревар против Јужна Кореа в сабота не би требало да претставува проблем за „гаучосите“, но доколку се утврди дека паузата мора да биде подолга, тогаш аргентинскиот селектор ќе биде принуден да повика нов кошаркар на местото на одличниот плејмејкер.
Injury alert for Campazzo and Argentina#FIBAWCpic.twitter.com/zWC2xk5fKf
— Eurohoops.net (@Eurohoopsnet) August 26, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

