Селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација Ромео Сакети го соопшти списокот од 12 кошаркари на кои ќе смета на Светското првенство во Кина. На списокот се наоѓаат најголемите ѕвезди, предводени од Данило Галинари. Покрај, Галинари дел од тимот на „аѕурите“ ќе бидат и кошаркари кои имаат НБА реноме, како Марко Белинели и Луиџи Датоме.
Список на кошаркари: Данило Галинари, Марко Белинели, Луиџи Датоме, Алесандро Џентиле, Амедео дела Вале, Паул Билија, Лука Витали, Даниел Хекет, Џеф Брукс, Амедео Теситори, Аријел Филој и Авуду Абас.
Италија на Мундобаскетот се наоѓа во групата Д, заедно со репрезентациите на Србија, Ангола и Филипини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

