Репрезентативецот на Србија, Немања Бјелица беше искрен по неочекуваниот пораз на Србија од Шпанија (81-69). Тој изјави дека може да ги обвинуваат судиите за поразот, но дека главни виновници за тоа се самите тие.
„Можеме да ги обвинуваме судиите до утре, но за поразот ние сме виновни. Шпанија беше подобра, а ова за нас е тежок пораз. Идеме понатаму. Потребен ни е одмор, не можам да кажам дека е срамота, но игравме катастрофално“, изјави Бјелица.
Србија во четвртфиналето ќе се сретне со репрезентацијата на Аргентина која е се уште без пораз на шампионатот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА