Ѓоковиќ по повредата: Можам да замислам живот без тенис

Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ во последното интервју кое го даде за американските медиуми, вели дека може да го замисли својот живот без тенис, бидејќи тој не е најважното нешто, туку семејството.

„Дали рекордите се поважни од времето поминато со моето семејство? Дали се поважни од моето здравје или некои други работи? Не се. Можам да го замислам животот без тенис и не се плашам од тоа. Кога повеќе нема да бидам активен како играч, јас ќе продолжам да бидам дел од спортот. Сакам да имам своја академија и да ги пренесам моите искуства на младите генерации во Србија“, изјави Ѓоковиќ. 

Србинот моментално се опоравува од повредата на рамото, која ја заработи на УС опен.

Се вчитува...