Во крајно драматичен натпревар Франција славеше против Австралија со 67-59 во натпреварот за бронзениот медал на Светското првенство во Кина.
Французите одиграа очајно прво полувреме кое го загубија со 21-30, катастрофална игра во нападот и апсолутна несигурност во одбраната. Но, со одличен втор дел успеаја да стигнат до целосен пресврт и благодарание на Нандо Де Коло кој реализираше клучни почетни осум поени на почетокот од последниот период, кој го добија со 25-13, стигнаа до третото место на Мундобаскетот.
Токму Нандо Де Коло беше предводникот на Французите до бронзата со 19 поени и четири асистенции, а 16 поени запиша Фурние. Слаб натпревар одигра Гобер со само 2 поени и четири скока, но и тоа не беше пречка за да дојдат до победата.
Австралија може да жали по пропуштената можност за триумф. Џо Ингл се издвои со 17 одиграни поени, а Пети Мајлс на крајот заврши со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА