Тренчовски: Не бевме на нивото, но Струга е повеќе од незгоден противник на свој терен

Академија Пандев ја задржа лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига и по шестата рунда натпревар со ремито на гостувањето против Струга Трим Лум.

Шефот на стручниот штаб, Југослав Тренчовски кога се ќе се сумира е задоволен од освоениот бод на гостување против незгоден противник.

„Може да кажам дека беше навистина прволигашки натпревар без разлика што заврши без голови. Не одигравме на нивото во првото полувреме, но во вториот дел одигравме согласно договореното имајќи и шанси за триумф. Имавме и фудбалер повеќе на дуелот но се почувствува и заморот кај дел од првотимците по напорниот период па некако како да немавме сила за завршница. Во секој случај може генерално да бидеме задоволни од едно тешко гостување против незгоден противник“ – вели Тренчовски.

Слично е размислувањето и на репрезентативецот Љупче Дориев…

„Многу тежок натпревар во уште потешки услови за игра. Мечот го одбележа голема борба на средината од теренот. Беше цврст фудбал без многу шанси за гол. Имавме и играч повеќе, но Струга со организирана игра во одбрана не спречи да притиснеме и да постигнеме погодок“ – вели Дориев.

Се вчитува...