Германскиот судија Даниел Зиберт ќе биде судија на финалето од Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Арсенал, објави УЕФА.
Негови помошници ќе бидат Јан Зајдел и Рафаел Фолтин, а Сандро Шерер е назначен за четврти судија. Бастијан Дункерт, Роберт Шредер и Карлос дел Серо Гранде ќе седат во ВАР собата.
Финалето на Лигата на шампионите ќе се игра на 30 мај во 18 часот во Будимпешта. Судија на финалето на Лигата на Европа помеѓу Астон Вила и Фрајбург ќе биде Франсоа Летексиер. Финалето на Лигата на Европа ќе се игра на 20 мај во 21 часот во Истанбул.
Маурицио Маријани е назначен за судија на финалето на Лигата на Конференциите помеѓу Кристал Палас и Рајо Ваљекано. Финалето на Лигата на Конференциите ќе се игра на 27 мај во 21 часот во Лајпциг.
Тес Олофсон ќе биде судија на финалето на Лигата на шампионите за жени помеѓу Барселона и Лион. Финалето на Лигата на шампионите за фудбалерки ќе се игра на 23. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
