Селекторите на 48-те фудбалски репрезентации учесници на Светското првенство во САД, Канада и Мексико (11 јуни – 19 јули) имаат рок до 30 мај да го испратат списокот на играчи што ќе ги носат на натпреварувањето, но селекторот на Босна и Херцеговина Сергеј Барбарез не сакаше да одложува.
Шефот на стручниот штаб на Босна и Херцеговина ги избра најсилните адути, според неговото професионално мислење, со надеж дека никој нема да се повреди во меѓувреме, и дека нема да бидат потребни нови играчи кои дополнително ќе бидат повикани.
СПИСОК НА БИХ ЗА СП:
ГОЛМАНИ: Никола Васиљ, Мартин Зломислиќ, Осман Хаџикиќ;
ОДБРАНА: Амар Дедиќ, Никола Катиќ, Стјепан Радељиќ, Нидал Челик, Нихад Мујакиќ, Тарик Мухаремовиќ, Сеад Колашинац;
СРЕДИНА: Амир Хаџиахметовиќ, Иван Шуњиќ, Бенјамин Тахировиќ, Џенис Бурниќ, Армин Гиговиќ, Ермин Махмиќ, Иван Башиќ, Амар Мемиќ, Керим Алајбеговиќ, Есмир Бајрактаревиќ;
НАПАДН: Самед Баждар, Јово Лукиќ, Харис Табаковиќ, Ермедин Демировиќ, Един Џеко.
За потсетување контрола пред Мундијалот БиХ ќе има со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
