Серхио Љуљ покажа дел од својот магичен кошаркарски потенцијал и за време на Супер-купот на Шпанија, со неверојатни поени на дуелот со Фуенлабрада.
Тој тргна во влез, еден од ривалите несмасно стартуваше удирајќи го со прстот во пределот на окото, но дури ни тоа не му пречеше на Љуљ да ја смести топката низ обрачот.
Реал ја декласираше Фуенлабрада со 116-61 и во финалето за трофејот во Супер-купот на Шпанија ќе се бори со Барселона, која триумфираше во полуфиналната пресметка со Валенсија со резултат 71-65.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА