Супер 20 минути на „вардарци“, три гола – три бода

Во супер 20 минути на натпреварот Вардар си ја реши целокупната задача за триумф против Силекс од 3-0 во 7. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Се на натпреварот се случи во периодот од 22. до 42. минута кога беа запишани трите погодоци. Најпрво во 22. минута, Бразилецот Реис Жуниор одлично реагираше стрелајќи од десеттина метри, а потоа во 39. минута Аврамовски одлично реагираше за водство од 2-0…

Во 42. минута во гостинскиот шеснаесетник соборен Брдаровски, а реализатор од белата точка Дарко Мицевски за конечни 3-0…

Се вчитува...