Силен меѓународен џудо-турнир во Прилеп

Националниот празник 11. Октомври во Прилеп ќе биде одбележан и со 11. традиционален меѓународен турнир во џудо “Прилеп Град Херој-2019 Цевитана Куп“ кој утре ќе се одржи во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко“ во Прилеп.

На турнирот кој е во организација на Џудо Клубот “Сеишин“ од Прилеп и во соработка со Џудо федерацијата на С.Македонија до овој момент, покрај домашните, за учество се пријавени повеќе од 30 клубови од 6 држави од Регионот: Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора и Косово. Според проценките на организаторот, се очекува присуство на околу 250-300 натпреварувачи.

На турнирот ќе бидат присутни и неколку значајни имиња за џудо спортот од регионот како Славко Обадов, Вук Рашовиќ и Павле Буљчик од Србија, како и Чихи Јанош од Унгарија.

Официјалното отворање на турнирот ќе биде утре со почеток од 10 часот во спортската сала на СОУ “Р.Р.Ричко“ во Прилеп.

Се вчитува...