Гајиќ: Да му покажеме на Вардар дека нема што да бара во нашиот дом

Веспрем и Вардар во сабота од 17:30 часот во Унгарија ги очекува повторување на финалето од минатата сезона во Лигата на шампионите. Овој пат во раната фаза од елитното натпреварување, но дефинитивно меч со силен предизвик и за двете страни.

„Мислам дека ќе биде навистина интересен натпревар од повеќе аспекти. Загубивме од нив во финалето минатата сезона. Сигурен сум дека играчите кои играа во тоа финале не го заборавиле тоа, желни за реванш. Оваа сезона имаме неколку добри натпревари, мислам дека сме во добра форма, додека Вардар загуби на последниот меч. Сигурен сум дека онака ‘ранети’ сега ќе допатуваат тука желни за бодови. Но, мора да им покажеме дека ова е наш дом во кој не смееме да правиме повеќе грешки оваа сезона. Со добра игра како на последниот меч верувам во победа“ – вели Драган Гајиќ.

Се вчитува...