Пауло Дибала (32) потврди дека Рома сè уште не го контактирала за продолжување на договорот и дека дербито против Лацио може да биде неговиот последен домашен натпревар за клубот.
По драматичната победа на Рома од 2-3 над Парма, аргентинскиот напаѓач изјави дека сè уште не знае што му носи иднината.
„Никој не ме контактирал. Мојот договор истекува за два натпревари и, како што стојат работите сега, дербито ќе биде мојот последен натпревар пред нашите навивачи“, рече Дибала.
Со таа победа, Рома остана во трката за Лигата на шампионите, но ситуацијата е сè уште неизвесна, бидејќи борбата на врвот на табелата е многу тесна. Дибала нагласи дека фокусот е сè уште на тимот и борбата до крајот на сезоната, додека Рома се обидува да избори место во елитното европско натпреварување. Претходно денеска Дибала не се најде ниту на списокот од 55 играчи на Аргентина за Мундијалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
