Луол Денг потпиша еднодневен договор за да се пензионира како играч на Чикаго

Британскиот кошаркар, Луол Денг потпиша еднодневен договор со Чикаго и замина во пензија што значи дека кариерата ја завршува за франшизата од каде што почна во НБА во 2004 година. Денг помина 10 години во Чикаго,а потоа се селеше во Мајами, Лос Анџелес Лејкерс и во Минесота. Тој има и 43 настапи за Велика Британија и играше и на олимписките игри во лондон во 2012 година. Денг одигра 902 натпревари во 15-те сезони во Лигата, а во 2013 и во 2014 година беше во Ол-стар тимот.

„За нас беше голема среќа и чест што Луол реши да се пензионира како играч на Чикаго“ – изјави сопственикот на клубот Мајкл Рајнсдорф.

Денг е роден во Јужен Судан, пораснал во Египет, а потао како бегалец доаѓа во Лондон од каде се сели во САД во тиенејџерските години. За Британија играше во јуниорските категории, државјанство доби во 2006 година кога дебитираше за националниот тим. Постигна 838 коша во 43-те настапи на две Европски првенства и на Игрите во Лондон.

 

Се вчитува...