Кошаркарите на Куманово ја запишаа и втората победа сезонава во Првата кошаркарска лига славејќи на гостувањето против ФМП Академија со 80-93.
Уште со добиената прва четвртина со 17-26 кумановци најавија дека во Скопје се допатувани по победата. Домашните се вратија со одлично одиграната втора четвртина која ја добија со 25-13, но во второто полувреме се беше во знакот на Куманово кој на крајот сосема заслужено стигна до победата.
Најдобар во победничкиот состав беше Јанески со 21 поен и 11 скока, а Миладиновиќ заврши со 22 поени и осум скока. Кај домашните не помогна ниту одличната партија на Харис со 29 поени, а Начевски мечот го заврши со 14 постигнати поени.
Претходно, Еуро Никел лесно славеше против Пелистер со убедливи 91-69. Како и Куманово, и Еуро Никел ја запиша втората победа на стартот од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА