Кошаркарите на Работнички ја запишаа и втората победа во 2. коло од Првата македонска кошаркарска лига, славејќи во повеќе од драматичен натпревар против Гостивар со 91-90.
Триумфот на Работнички го донесе Мијатовиќ со поените буквално во последната секунда од средбата, откако претходно гостиварци во последната четвртина постојано чуваа предност од два до четири поени.

Гостивар одлично го почна натпреварот, добивајќи го полувремето со осум поени разлика (42-50).
Но, Работнички запиша извонредна трета четвртина која ја доби со 26-17, и со која се врати комплетно во игра. Во израмнет последен период, и игра поен за поен во финишот на крајот Мијатовиќ беше тој која ја донесе победата за домашните.

Хејден Лесколт беше најдобар во победничкиот тим со 25 поени, осум скока и осум асистенции, а Мијатовиќ запиша 17 поени дополнети и со четири скока. Двејн мечот го заврши со 16 поени, а Ефремовски постигна 14 поени. Во поразениот состав се издвои Доналдсон со 21 поен, а по 14 поени постигнаа Тасовски и Џелатовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

