Трипл-дабл на Вестбрук за историја, се проби на вторoто место на вечната листа (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс го претрпеа првиот сезонски пораз откако на гостувањето кај Феникс загубија со 130-122. Новиот тим на ланскиот МВП, Каваи Ленард единствено беше подобар во втортата четвртина од натпреварот која ја доби со шест разлика, сите останати му припаднаа на Феникс кој има идентичен биланс 2-1. Монтреaл Харел беше прв стрелец кај „клиперс“ со 28 поени, еден помалку постигна Ленард. Најефикасен на средбата беше првиот стрелец на Феникс, Девник Букер кој натпреварот го заврши со 30 поени.

Актуелниот првак, Торонто забележа гостински триумф кај Чикаго од 108-84. Паскал Сиакам со 19 и Серж Ибака со 18 поени го предводеа тимот до втората сезонска победа. Катастрофа на гостувањето кај Јута дожиева Сакраменто. Загуби со високи 113-81 и го врза третиот последовен пораз од стартот на сезoната. Хјустон ја забележа првата победа во новиот шампионат благодарение на трипл-дабл ефектот на Расел Вестбрук. Тој со 28 поени, 10 скока и 13 асистенции го предводеше тимот до успехот од 126-123 над Њу Ореланс. Со овој ефект, Вестбрук го помина Мајкл Џордан на вечната листа сопред бројот на трипл-дабл учиноци. Тој дојде до бројката од 139 вкупно во кариерата, со што е на втората позиција зад лидерот, Оскар Робертсон кој има 181.

НБА резултати:

Милвоки – Мајами 126:131 (прод.), Детроит – Филаделфија 111:117, Атланта – Орландо 103:99, Њујорк – Бостон 95:118, Чикаго – Торонто 84:108, Кливленд – Индијана 110:99, Јута – Сакраменто 113:81, Сан Антонио – Вашингтон 124:122, Феникс – ЛА Клиперс 130:122.

Се вчитува...