Белинда Бенчич меѓу четирите најдобри на ВТА финалето, во полуфиналето ќе игра против Свитолина

Белинда Бенчич се пласираше меѓу полуфиналистките на ВТА финалето откако во дуелот од третото коло во „црвената“ група и беше запишана победа без вистинска борба затоа што Кики Бертенс го предаде мечот. Бертенс дојде како замена за наоми Оссака, но немаше среќа да го одигра дуелот до крај. Официјалната причина за повлекувањто на Бертенс е вироза Во моментот на прекинот беше 1-0 во сетови за швајцарската тенисерка која воведниот сет го доби со 7-5. .

Бенчич ќе биде второпласирана во оваа група, првото место е за Ешли Барти. Според вкрстувањето за полуфиналето, Бенчиќ за место во финалната пресметка ќе игра против Елина Свитолина која завршува на првото место во „пурпурната“ група.

За утре се закажани мечевите од третата рунда во „пурпурната“ група. Мечот меѓу Свитолина и замената Софија Кенин нема значење, додека Симона Халеп и Карлоина Плишкова во директен дуел се борат за втортата позиција.

 

 

Се вчитува...