Надал патува за Лондон, но се уште е неизвесен настапот на завршниот мастерс

Првиот тенисер на светот, Рафаел Надал потврди дека ќе патува за Лондон, каде се надева дека ќе настапи на завршниот Мастерс. Шпанецот го предаде без борба мечот од полуфиналето против канадскиот тенисер Денис Шаповалов, поради болки во стомачните мускули.

По дополнителните прегледи Надал одлучи да замине за Лондон, но се уште е неизвесен неговиот настап на АТП мастерс купот. Доколку Шпанецот го откаже настапот на завршниот турнирот, Србинот Новак Ѓоковиќ повторно ќе мора да стигне до финалето доколку сака да се врати на врвот на АТП листата.

Се вчитува...