Поранешниот прв рекет на светот, Борис Бекер смета дека Роџер Федерер не може да се нарече најдобар тенисер на сите времиња. По негово мислење за тој статус во конкуренција се неколку тенисери и дека е многу тешко да се одлучи кој може да го освои приматот.
„Гледајќи ја статистиката, Роџер е најуспешен во историјата. Но, со таков пристап можеме да кажеме дека и Род Лејвер е најдобар, бидејќи два пати во кариерата го освојуваше календарскиот „Грен слем“. Освоил помалку титули да, но неговата кариера беше пократка од таа на Роџер. Генерално, прашањето е многу дискутабилно. Новинарите го сакаат Роџер, но не е лесно да го прогласиш најдобар на сите времиња“, изјави Бекер.
Борис Бекер во кариерата освои шест грен-слем трофеи, а во тренерската кариера неколку години беше и во таборот на Новак Ѓоковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА