Чешкиот тенисер, Томас Бердих најави крај на блескавата кариера, во која долги години успеваше да се задржи во врвот, во ерата која е прогласена за најдобра во историјата на тенисот. Чехот не стигна до грен-слем титула, но беше еден од најстандардните тенисери последните 15 години во кои доминираа Федерер, Надал и Ѓоковиќ. Бердих 2010 на Вимблдон го одигра единственото грен-слем финале во кое беше поразен од Рафаел Надал, а најголемиот успех во кариерата го имаше во Дејвис купот, каде со репрезентацијата на Чешка два пати ја освојуваше титулата (2012 и 2013).
34- годишникот во кариерата освои 13 АТП трофеи, а највредна е таа на Мастерсот во Париз во 2005 година.
It was supposed to be a surprise ?? #london pic.twitter.com/vBGdMMkxT0
— Tomáš Berdych (@tomasberdych) November 13, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА