Шпанскиот тенисер Рафаел Надал потврди дека не е залудно првопласиран на АТП листата, преживувајќи ја на фантастичен начин можната елиминација од завршниот АТП турнир во Лондон уште по второто коло. Тој губеше со 1-5 во гемови во третиот решавачки сет, но направи херојски пресврт против Русинот Данил Медведев и на крајот со 2-1 во сетови, по тај-брејк што го доби со 7-4 на поени, стигна до првиот триумф во групата. Надал спаси и меч-топка во овој интересен тениски дуел.
Медведев беше поуспешен во првиот тај-брејк во мечот, во првиот сет и славеше со 7-3 во поени. Но, Надал успеа да го освои вториот сет со 6-3 во гемови и го продолжи мечот во драматичен трет сет. На крајот, успеа да стигне до голема победа која го враќа во игра за освојување на титулата која е една од ретките што му недостига во богатата кариера.
Вечерва како дел од истата група, ќе се сретнат Стефанос Циципас и Александер Зверев. И двајцата остварија победи во веведните мечеви.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА