Враќање на отпишаниот – Кармело Ентони пронајде клуб во НБА

Кармело Ентони по една година повторно се враќа во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми. Искусното крило ќе добие негарантиран договор со Портланд Треилблејзерс со кој дневно ќе заработува скромни 14.490 долари.

Договорот може да стане постојан на 7. јануари, период до кој минатогодишниот финалист на Западот треба да одлучи дали е задоволен од играта на Ентони. Тој на почетокот на минатата година го напушти Хјустон, по што не успеа да пронајде нов ангажман.

35-годишниот Ентони учествуваше на 10 Ол-стар натпревари, шест пати беше избиран во најдобрата петорка на лигата, а своевремено беше и најдобар стрелец. Екипата на Портланд по минатогодишното финале во Западната конференција, годинава се наоѓа во големи проблеми и е на скор од 4 победи и 8 порази.

Се вчитува...