ВИДЕО: „Монструозно“ забивање на Леброн…, Бјелица не знаеше што го снајде

ЛА Лејкерс стигна до десеттата победа сезонава, славејќи синоќа во интересен натпревар со 99-97 против Сакраменто.

Победничкиот тим го предводеше Леброн Џејмс со 29 поени и 11 асистенции, а имаше „Кралот“ и едно монструозно забивање во финишот на првото полувреме со кое покажа дека годините се уште не му можат ништо. Се обиде пред Леброн да застане и српскиот репрезентативец Немања Бјелица, но и него му беше јасно дека не може апсолутно ништо…

Се вчитува...