Рафаел Надал ја завршува 2019 година како првопласиран на АТП листата. На најновиот ранкинг објавен денеска, потврдено е она што беше познато по резултатите од групната фаза на АТП финалето во Лондон дека Новак Ѓоковиќ нема да му јазагорзи водечката позиција на Шпанецот. Надал првото место го презеде на 6. ноември, а битката во Лондон беше за тоа кој од овие двајца тенисери ќе ја заврши годината на лидерското место. За Надал ова е петти пат во кариерата годината да ја завршува на местот број еден.
Надал има 9985 бода, за 840 бода е подбар од Ѓоковиќ. Роџер Федерер кој исто како и двајцата големи ривал не влезе во полуфиналето во Чондон, ја завршува 2019 година на третото место. Доминик Тим втора година по ред е меѓу најдобрите четвортица на конечниот ранкинг. Потоа следуваат Данил Медведев на петтото и Стефанос Цицпас на шестото место.
Ланскиот шампион од Лондон, Александер Зверев и Матео Беретни се на позициите број седум и осум. Роберто Баутиста Агут кој е деветти дебитира во најдобрата десетка на крајот од годината додека Гаел Монфис вторпатт во кариерата е во топ дест тенисерите на крајот од годината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА